Македонија

Груевски нека не и се јавува, Мицкоски нека знае дека ја има нејзината поддршка, порача Јанкулоска во првото интервју откако е во затвор

Ексминистерката за внатрешни работи и затвореничка, Гордана Јанкулоска, даде поддршка за Христијан Мицкоски, а со Никола Груевски смета дека нема што да разговара.

„Токму легитнимно избраното раководство, поддржано од делегатите, ја има мојата поддршка. И сите години наназад, кога имало недоразбирања, не сум поддржала формирање нови партии. Недоразбирања се решаваат внатре“, порача Јанкулоска во интевју за „360 степени“.

За Груевски, кажа дека нема што да зборува.

„Јас не знам дали Груевски би имал интерес да се сретне со мене. Мојата комуникација со Груевски беше една недела пред да ја напушти Македонија. Не гледам што би разговарале ако се сретнеме“, додаде таа.

На почеток