Македонија

Кривичниот суд во 12 часот одлучува дали Јанкулоска ќе оди во затвор

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“.

Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.

Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор наведе дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

– Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност, бидејќи таа била свесна за своето дело и го сакала спроведувањето. Предлагаме Судот да ги земе како отежнувачка околност степенот на одговорност, а како олеснителна околност семејната состојба, рече Фатиме.

Одбраната, во завршен збор, пак, рече дека во постапката било грубо нарушен принципот на еднаквост на оружјата, СЈО не ја докажало својата надлежност, како и дека Судот треба да донесе пресуда за дејствие што наводно се случило пред шест години врз основа на докази кои во најголем дел се прибавени со кршење на домашните и меѓународни права.

Обвинетата Гордана Јанкуловска во завршен збор, рече дека додека траела постапката таа требало да се грижи за неколкумесечно бебе, како и дека била изложена на медиумски линч со објавување делови од незаконско стекнатите аудио разговори.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток