(Видео) Милионската свадба на Мијалков во „Мериот“


Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше специјална гостинка на гала свадбата на синот на поранешниот шеф на УБК Сашко Мијалков. Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а направија журка во „Мериот“, хотел кој е делумна сопственост на ексдиректорот на УБК.
Поради украсувањето па до секој елемент во „Мериот“, прославата го доби прекарот „милионска свадба“ од јавноста. На ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, му беше конфискуван имотот поради тоа што го стекнал на незаконски начин, истиот беше продаден, но по сѐ, се чини дека тоа не било пречка за ваква елитна прослава.
На свадбата Цеца ги забавуваше гостите, а помеѓу нив голем број градски фаци и пријатели на Јордан и Анастасија. За присутните Цеца ја отпеа и „Македонско девојче“. Парот пред една година направија интимна прослава за најблиските, а по неколку месеци ја добија ќерката Александра.
