Македонија

Во сообраќајна несреќа тешко повредена битолчанка

Во сообраќајна несреќа тешко повредена битолчанка

Вчера попладне, во 12.19 часот, во СВР Битола било пријавено дека кај село Оптичари, Битолско, на патот Битола – граница со Република Грција, патничко возило „рено меган“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот Т. Н. од Битола, излетало од коловозот, извести МВР.

„Во несреќата сопатничката З. П. (84) од Битола добила тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, соопшти МВР“.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

На почеток