Обвинителката Фатиме Фетаи бара куќен притвор за екс-министерката Гордана Јанкулоска бидејќи се плаши дека таа ќе избега.
“Мерките на претпазливост не ја анулираат опасноста од бегство”, рече Фетаи.
Адвокатката Сања Алексиќ, која ја застапува Јанкулоска вели дека нема аргументи за судот да прифати нова мерка за претпазливост за обвинетата.
„Редно е да се акцентира дека обвинетата уште од почетокот на постапката знаеше која беше пропишаната затворска казна“, рече Алексиќ.
