Република

Димитров: Го сменавме имено , но ќе биде тешко Македонија да стане членка на ЕУ

Во обраќање пред Атланскиот совет на САД во Вашингтон, министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека и покрај менувањето на името, ќе биде тешко за Македонија да стане членка на Европската Унија.

-Пропуштивме неколку возови за Европа. И додека бевме во чекалната, регионот и ЕУ се сменија, а се смени и начинот на кој се примаат нови членки. Веќе нема волја за проширување. Поминаа деновите на обединување на Европа-истакна Димитров.

Министерот им укажал на соговорниците во Вашингтон дека Европската Унија сега оправдано има нови, многу построги критериуми за членство и веќе не прифаќа блеферски држави кои се преправаат дека спроведуваат реформи.

По обраќањето на Димитров било овозможено само кусо време за поставување прашања поради заминувањето на Димитров за Брисел каде треба да се потпише протоколот за прием во НАТО.

To Top
Close