Република

Што јадеме? Откриени тешки метали кај 34 мостри од прехранбени производи

Кај 34 мостри од прехранбени производи од увоз и од домашно производство биле откриени тешки метали над дозволените граници, покажува најновиот извештај за здравјето на населението во 2017 година подготвен од Институтот за јавно здравје, објави Мета.мк.

Анализа на контаминација на прехранбените производи со тешки метали во десетте центри за јавно здравје е извршена на 4.550 мостри, од кои 3.527 се мостри од увоз и 1.023 се мостри од домашно производство и промет.

„Недозволено високи концентрации на тешки метали се измерени кај 19 мостри, седум од увозни производи (0,2 отсто) и тоа од групата жито, брашно, а од домашно производство и промет биле детектирани тешки метали кај 12 (1,17 отсто) мостри“, пишува во извештајот.

Во Институтот за јавно здравје во однос на контаминацијата со тешки метали анализирани се вкупно 1.757 мостри, 1.065 од увоз и 692 од домашно производство и промет.

„Од вкупниот број испитани примероци кај 15 мостри (0,85 отсто) е најдена зголемена концентрација на тешки метали. Мостри со зголемена содржина на тешки метали се 13 мостри диететски производ заради зголемена содржина на олово и една мостра пченица заради зголемена содржина на олово“, се вели во извештајот.

Инаку, тешките метали имаат релативно висока густина и се токсични при ниски концентрации.

Текстот во целост на мета.мк

To Top
Close