Магазин

Ламбе и Елена Ристеска прават концерт во Скопје – објавени местото, датумот, часот

Дел од кампањата „Денови за донирање“ на 19.10.2023 ќе се одржи добротворниот концерт „М2 И пријателите“ со почеток во 20 часот во Скопје евент центар.

На донаторски концерт повторно ќе се обединат ѕвездите од М2 продукцијата меѓу кои Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски како и други познати изведувачи: Филип Божиновски, Лара Иванова, Мартија Станојковиќ, Марија Спасовска и гости.
Што претставува националната кампања „Денови за донирање“?
„Денови за донирање“ е кампања што се стремиме да прерасне во традиционален празник на филантропијата кај нас, што е насочена кон одржлив развој. Во кампањата граѓаните, семејствата и компаниите ќе ја искусат радоста на заедничкото донирање поддржувајќи ги иницијативите на граѓанските организации и групи.

Билетите по цена од 300 ДЕНАРИ ќе бидат достапни за продажба во СКОПЈЕ ЕВЕНТ ЦЕНТАР и на самиот влез. Сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани во донаторскиот фонд на здружението Конект за активности од јавен интерес.

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Здружението Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на северо-западна Македонија и Индиго.

На почеток