Трагедија: Почина жена, сопругот и бабата се во кома – се затруле од пита со праз


Од труење со пита со праз, која било домашно направена, почина 47-годишна жена. Мажот и бабата која исто така конзумирале од питата се на КАРИЛ во тешка состојба. Според информации од Клиниката, тие се во кома
Роднини на семејството, за ТВ Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.
Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил пестицид“. Тоа е инсектицид – опасен по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава. Најголемата дилема е како отровот завршил во јадењето.
Случајот бил пријавен во полиција пред неколку дена. Во вчерашниот МВР билтен се појави информацијата:
„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“.
