За скоро 200 обвинети трошоците ќе ги плаќаат граѓаните, за едно рочиште со повеќе обвинети адвокат чини и до 90.000 денари


Измените на Кривичен законик може да спасат речиси 200 обвинети за злоупотреби, а нивните трошоци ќе ги плаќаат граѓаните на Македонија. Согласно адвокатската тарифа, едно рочиште во предмет со повеќе обвинети адвокатот го тарифира околу 60 до 90 илјади денари, а во еден ваков предмет досега можеби имало и стотина рочишта, со по дваесетина адвокати.
„Кривичниот суд, во ваква ситуација бара доказ, дека тие трошоци се веќе наплатени претходно. Доказ е фискална сметка, извод од УЈП или извод од банкарска сметка, каде што се гледа приливот и одливот, за да можеме како реално сторени трошоци да ги исплатиме. Доколку не ни се дадат на увид, такви значи има некој проблем. Потоа тие средства се рефундираат на странката“, велат оттаму.
Колку точно ќе се плаќа поради застарувањето на предметите со измените на Кривичниот законик, ќе се утврдува дополнително.
„Решаваме еден куп работи, што во принцип не треба ниту да бидат наши. Ние треба да одлучуваме за виновноста, не треба да одлучуваме за трошоците, меѓутоа и тоа не обременува“, велат од Основен кривичен суд.
