Пендаровски со една нога во нова претседателска трка


Во интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 претседателот Стево Пендаровски прашан дали ќе ги покани на кафе кандидатите за претседател, одговори дека не може да ги покани.
„По нашите прописи во тие 20 дена јас сум кандидат, морам некои работи и како претседател да ги извршувам, но јас сум кандидат повеќе отколку претседател“, рече Пендаровски.
Овој став на Пендаровски се сфати како индиректна најава дека на следните претседателски избори ќе биде повторно кандидат за претседател, односно дека ќе бара втор мандат.
Јасно и недвосмислено, Вело Марковски побара поддршка од 10.000 граѓани, за да биде кандидат за претседателските избори. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за кандидати.
Редовниот термин за избор на претседател се движи во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, наназад од 12 мај. Првиот круг според ова би требало да се случи во периодот од 14 март до 21 април.
