Македонија

Го измамил и му украл личен предмет: приведен гостиварец

Го измамил и му украл личен предмет: приведен гостиварец

Вчера, во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот гостиварец С. А.

Tој претходно бил пријавен од 42-годишниот гостиварец Х. А. дека го измамил и му одзел личен предмет.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а против С. А. ќе следува поднесок, соопшти полицијата.

На почеток