Република

Цветковиќ: Да помогнеме злоставувана девојка од Емирати да не ја депортираат

Ирена Цветковиќ извршна директорка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, објави статус на социјалната мрежа фејсбук во која бара помош за девојка од Емирати, која е во затвор во Македонија.

Цветковиќ објаснува:

Девојкава е побегната од Емирати, поради тоа што е злоставувана од татко и и браќата. Врз неа е извршено семејно насилство и големи се шансите да ја погубат ако се врати.
Моментално е во затвор во Македонија. Постои голем ризик нашите да ја депортират.
Ги молам сите надлежни институции, невладини за заштита на жените и било какви здруженија за заштита на човекови права, да не дозволат да ја депортираме.

Ве молам споделете и помогнете да си ја најде слободата. Верувам Македонија ќе застане на страната на слободниот избор , напиша Цветковиќ на ФБ.

ОД: Angela Al Qataria SHAREDevojkava e pobegnata od emirati, poradi toa sto e zlostavuvana od tatko i, I brakjata….

Posted by Irena Cvetkovik on Wednesday, February 6, 2019

Најчитани

To Top
Close