Македонија

ВМРО е избришано од Македонија, посоодветно би било ова да е ден на „кумановската битка“, пишува партијата на Георгиевски

„ВМРО-Народна партија на сите македонски граѓани, а особено на македонските патриоти им го честита денот на големата победа во „кумановската битка“ со која Србија ја започна дваесет и три годишната окупација на Македонија“, пишува во честитката чиј претседател е Љубчо Георгиевски.

Оттаму додаваат:

„Со оглед на фактот дека веќе одбележувањето на „Зебрњак“ стана традиција на прославување на општатата историја со српскиот народ и со оглед на фактот дека датумот 23 октомври се поклопува со „Денот на основањето на историското ВМРО“, ВМРО-Народна партија му предлага на македонското општество, денот на ВМРО да го замениме со ден на „кумановската битка“.

Очигледно е дека идеологијата на ВМРО веќе одамна е избришана во нашата Македонија и очигледно е дека Македонија веќе одамна припаѓа на српскиот свет па затоа отворено предлагаме, согласно со нашето денешно сфаќање на историјата, културата и секојдневната српска асимилација на македонскиот простор многу посоодветно би било овој ден да го прославуваме како ден на „кумановската битка“ отколку како ‘ден на ВМРО’“.

На почеток