Македонија

(Видео) Имиња кои треба да видат фајде од амнестијата: Затвореници блиски до СДСМ, командирот од „Идризово“ од филмското бегство, осудени за „Монструм“

„Код“ ги откри дел од имињата на затвореници кои ќе добијат слобода по усвојувањето на Законот за амнестија. Наркобосови, помагачи во убиства и бегства, ограбувачи – ова се нивните профили. Според емисијата, меѓу нив е Члирим Дервиши, соселанец на предлагачот на законот, односно министер за правда, Кренар Лога. Дервиши е осуден на 15 години, а треба да биде зад решетки до 2030 година.

„Медиуми објавија дека осудените Беким Рама, Енсер Сујелмани, Есад Даути, кои исто имаат шанса за амнестија, се роднини на членови на Алијансата на Албанците“, се вели во „Код“.

КОД: Затвореници блиски до „СДСМ“.

Според емисијата, следното лето на сончање ќе можат да идат и уапсени од акцијата „Планина“, односно членови на кланот од Грчец.

„Осуден беше и возачот на Трајче Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев. Во ацкија на МВР и ДЕА беа запленети 200 килограми марихуана во вредност од 800.000 евра. Александар Ушликовски призна вина и доби пет години празна. Командирот од Прилеп, Кире Спирковски-Чипси беше осуден на четири и пол години. Сега поврзаноста со владејачката СДСМ може на крајот ќе им се исплати“, се вели во емисијата.

И командирот од „Идризово“ ќе се офајди

За филмското бегство од „Идризово“, осуден беше командирот Срѓан Димитриевски на три години затвор.

„Наместо три години, помалку ќе се дружи со оние кои порано ги чуваа“, се вели во КОД.

И од „Монструм“ на слбоода

Хаки Азири и Фејзи Азири, осудени во „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, би можеле да бидат на слобода. Тие добија 9 и 15 години затвор.

На почеток