Македонија

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Три лица биле искасани од кучиња скитници во изминатото деноноќие, соопшти полицијата.

Имено, синоќа, во 21.30 часот, во Полициската станица Центар, Е. М. (19) од Скопје пријавила дека на улицата Беласица била касната од куче скитник.

Истиот ден, во 11.55 часот, во Полициската станица Аеродром, М. М. (64) од Скопје пријавила дека на булеварот АСНОМ била касната од куче скитник.

Вчера, во 12 часот, во Полициската станица Гази Баба, Г. Д. (36) од Скопје пријавил дека на улицата Маџари неговата малолетна внука била касната од куче.

На почеток