Денеска, по преземените мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на потегот од плажата „Дебрца“ до плажата „Версус“ во Струга, на околу 1.000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи со должина од 100-ина метри, со улов од 93 риби, со вкупна тежина од 11,4 килограми, извести СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
