Полициски службеници од СВР Тетово, вчера, околу 16.30 часот, на нива во атарот на тетовското село Лешок, во месноста Гладница, сопственост на 75-годишниот С. Б. од ова село, пронашле над 150 стебла канабис сатива, извести СВР Тетово.
Извршен е увид, неколку од стеблата се подигнати за вештачење, а другите се искорнати и уништени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
