Македонија

Приведени двајца од Тетовско, кај нив пронајдени две ловечки пушки и 9 куршуми

Приведени двајца од Тетовско, кај нив пронајдени две ловечки пушки и 9 куршуми

Вчеравечер, околу 21 часот, во тетовско Радиовце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 34-годишниот В. П. и 42-годишниот Н. Г. од ова село, извести МВР.

„При преглед на патничко возило ‘мерцедес’, со тетовски регистарски ознаки, во возилото биле пронајдени две ловечки пушки и 9 куршуми. За една од пушките, В. П. не ги поседувал потребните документи“, соопшти МВР.

Двајцата се задржани во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На почеток