Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, разните изјави на Славјанка Петровска се доказ дека во рамките на институциите на државата секое незаконито постапување или однесување од страна на власта тие се обидуваат да го скријат наместо да го санкционираат.
„Фрапантно е тоа што една министерка на земја членка на НАТО си дозволува да даде една изјава од собраниска говорница, при тоа потенцирајќи дека е запознаена со случајот, а веднаш потоа во интервју истиот ден да каже дека не била запознаена. Тоа отвора многу прашања: кој побара од неа да даде поинаква изјава од онаа што веќе ја даде? Кога ја зборува Славјанка вистината, дали од собраниска говорница или на интервјуто? Или да бидам попрецизна, кога лаже“, прашува Митева.
И, дополнително, додаде таа, фрапантен е моментот што жена министерка се обидува да скрие ваков скандал.
„Очекуваме одговорност и оставка. Дополнително, Славјанка Петровска континуирано се обидува да креира перцепција во јавноста дека пратеникот Ковачки, кој постојано објавува скандали од нејзиното работење и од работењето на другите министри, дека креира лажни вести. Напротив, се докажало дека Ковачки како пратеник секогаш ги обелоденува скандалите што подоцна се потврдува дека се вистинити“, истакна Митева.
