Вчера, 16.25 часот, на подрачјето на Бит-пазар, од полициски службеници од Полициска станица Бит-пазар при СВР Скопје лишен е од слобода 16-годишник од Скопје. Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во Старата скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и му се вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот од ЕВР Центар и Бит-пазар, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин, казнива по чл. 236 ст. 1 т. 3 од Кривичниот законик, а против Д. Ј., мајка на малолетникот, ќе биде поднесена кривична пријава за запуштање и малтретирање малолетно дете казниво по чл. 201 од Кривичниот законик.