Шеесет и едногодишната тетовка З. А., вчеравечер, во 21.10 часот, во СВР Тетово пријавила дека околу 18 часот на улицата Страшо Пинџур во Тетово нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од друг малолетник со кого се познавале.
Во текот на денешниот ден пријавениот малолетник повикан е во СВР Тетово за расчистување и документирање на случајот.
