Македонија

Дали е криминал: Фирма за канцелариски материјал ќе ги одмастува котлите во РЕК Битола, обвинува опозицијата

Фирма за канцелариски материјал ќе ги одмастува котлите во РЕК Битола, обвинува опозицијата

„ДУИ и СДС преку ЕСМ, поддружница РЕК Битола, набавува адитиви, кои треба да го намалат замастувањето, во котлите од фирма регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски прибор, преку тендер вреден 4.2 милиони евра. Истата фирма лани имала вкупен обрт, помал од 350.000 евра, а само за една година успева да добие државен тендер, кој за 12 пати го надминува нејзиниот лански приход“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека фирмата е регистрирана во 2017 година и нема никаква допирна точка, со енергетика и со адитиви за одмастување, a исто така сомнително е и тоа дека на огласот, била пријавена само оваа фирма, иако постојат многу фирми кај нас и во регионот, кои со години се на пазарот.

„Таман граѓаните помислија дека дното е постигнато, со фирмата за долна облека, која стана надзор, за новите автопатишта, еве ДУИ и СДС имаат уште поинвентивен начин, како да наместат тендер и да се збогатат за уште некое милионче. Овие криминали нема да се заборават, веднаш по превземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има истраги и одговорност за сите“, се наведува во соопштението.

На почеток