Македонија

СДСМ: Две години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните

СДСМ: Две години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните

„Помина половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во 40 општини. Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните.По две години нема проекти, нема резултати“, велат од СДСМ

Потенцираат дека има безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.

„Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги. Локалната власт на ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски стана симбол за неспособност, партизација и хаос, непродуктивни трошења и задолжувања на општините. ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните“, пишуваат од владејачката партија.

На почеток