Република

Актерот Сашо Тасевски повторно удри :Ќе барате гласачи ко тартуфи, со кучиња и свињи, на “претседателските”

Ќе барате гласачи ко тартуфи, со кучиња и свињи, на “претседателските”. Еве зошто, напиша на својот фејсбук профил актерот Сашо Тасевски.

Во продолжение на својот статус тој образложува:

Луѓето полека ќе ја прифатеа промената на името да бевте жилет во оправањето на државата. Обвинетите крупни ѕверки да беа веќе во затвор. Дури да лежеа и помали казни зашто помогнале за промената на името, никој “А” немаше да каже. Да почневте неселективно да гоните, па во затвор да се најдеа и оние од ДУИ, немаше да зуцнеме. Вие ништо од ова не направивте.

И како капак ги рехабилитиравте најголемите поддржувачи на Груевски под маската помирување. Им давате тендери, им ги вработувате децата и којзнае уште што фазла. Оние кои со Груевски имаа се, сега добија уште. Не само што нема правда, нема ни праведност. Па уште им пречи што ги прозиваме во јавност што толку брутално брзаат да си ги вработат децата во државни фирми. За едни нема зима, за други нема промена. Новак Ѓоковиќ да го кандидирате за претседател, луѓето нема да излезат гласаат. Не зашто јас така велам, туку зашто слушам што се зборува на улица. Без дубари, претседателските ќе пропаднат. А може тоа и е целта. Кој да ве знае.

Ќе барате гласачи ко тартуфи, со кучиња и свињи, на "претседателските". Еве зошто.Луѓето полека ќе ја прифатеа…

Posted by Sasho Tasevski on Thursday, February 7, 2019

Најчитани

To Top
Close