Скопје

Скапа зима: Поскапува парното, можеби и за над 5 проценти

Парното со сигурност поскапува, а новата цена засега не се знае. Вчера, Регулаторната комисија за енергетика одржа седница токму за новата цена,а денеска треба да биде соопштена и на јавноста.

Марко Беслимовски, претседател на Регулаторна, кажа дека не верува во зголемување на цената кое би било поголемо од 5 проценти. Но, не е исклучена можноста овој процент да биде надминат.

Пресметките кои компаниите ги дадоа на Регулаторна, побаруваат 50 отсто зголемување на цената на парното. Побарани се и нови пресметки. Деталите од нив – не се знаат.

На почеток