Вчеравечер, околу 22.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 21-годишниот Џ. Ж. од Република Косово.
Тој бил пријавен од В. М. (48) од Тетово дека на 18 септември, на улицата 29 Ноември во Тетово, физички го нападнал син му и потоа со возило се оддалечил од местото.
Џ. Ж. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
