Македонија

Прилепчанец нападнал полицаец, ќе биде поднесена пријава

Прилепчанец нападнал полицаец, ќе биде поднесена пријава

Вчера на улицата „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 31-годишниот Д.И. од Прилеп затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, извести МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток