Македонија

Мицкоски вонредно на прес за Онкологија – свиркачи му дале докази

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави вонредна прес-конференција, а поврзана со скандалот на Онкологија. „Скопје1“ дознава дека тој ќе објави материјали кои ги добил од свиркачи, а се однесуваат на случувањата на оваа Клиника.

„Во 12 часот ќе се обратам на прес конференција на која ќе објавам нови сознанија за скандалот на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Дивото месо на корупција и криминал, таа канцер мафија треба да биде победена и да има одговорност!“, напиша Мицкоски.

Пред прес-конференцијата, нема детали на што се однесуваат овие материјали. Никој не открива ниту на кого се однесуваат и дали од нив се гледа сторување на кривични дела од страна на вработени или министри. Материјалите се објавуваат на ден пред истекот на работата на Анкетната комисија во Собрание, која може да утврди само политичка одговорност. Заклучоците, треба да бидат изгласани од пратениците за неколку дена.

На почеток