Македонија

Уапсени двајца државјани на Косово, шверцувале мигранти од Сирија

Уапсени двајца државјани на Косово, шверцувале мигранти од Сирија

Денеска, околу 1.30 часот, на влез во село Прдејци, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода 20-годишниот Г. З. и 19-годишниот Д. М., двајцата од Косово, извести МВР.

„При контрола во возилото ‘фолксваген туран’, со косовска национална ознака, кое го управувал З. Г., а сопатник бил М. Д., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија“, соопшти МВР.

Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток