Еден од тројцата главни актери во „Синџир“ влезе зад решетки – осомничен е дека организирал злосторничко здружение


Првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со Решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Според наводите содржани во диспозитивит на Наредбата за спроведување на истражна постапка, осомничениот е еден од тројцата организатори на злосторничкото здружение.
Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.
