Македонија

Охрид нема да дава повеќе пари за Северина и Шерифовиќ – од 15 јуни до 15 август нема финансирање на концерти

На следната седница на советот на Општина Охрид ќе биде поднесен предлог градот повеќе да не субвенционира концерти од 15 јуни до 15 август, дознава „Скопје 1“. Според нашите информации, ваковиот предлог се темели на фактот дека тогаш туристичката сезона е во тек, а пак сите хотелиери се со исполнети капацитети. Па така, градот е преполн, а пак со тоа и концертите кои ги организираат различни продукции.

Ова значи дека Охрид од буџетот нема да дава пари за концерти, фестивали и манифестации кои се организираат во овој период од годината. Ваквата одлука ќе треба да биде изгласана од мнозинството советници за да стапи во сила.

Минатата година јавноста ја разбрани информација дека две познати продукции земале 5,5 милиони денари за организација на неколку концерти. Остри критики имаше за трошењето пари за концертите на Марија Шерифовиќ, Северина, фестивалот „Охрид колинг“.

Предлогот до советниците во Општина Охрид ќе достави в.д. градоначалникот Константин Георгиевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток