Македонија

Пронајдена дрога при претрес во Битола, приведени четири лица

Пронајдена дрога при претрес во Битола, приведени четири лица

Вчера во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и И.А.(53), сите од Битола.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пари во различни апоени.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток