Коментари

Во што е лидер државата со Влада што ја предводи Ковачевски и со министри на кои шеф им е Али Амети

Политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини, кој беше и поранешен министер за економија, смета дека Македонија е лидер во регионот по вредности кои се косат со европските. Наброја дел од лошите страни на државата.

„Држава со Влада што ја предводи Ковачевски и со министри на кои шеф им е Али Амети, зашто, како што самите тврдат, тој ги именува и само пред него одговараат, лидер во регионот е и со криминал и големи нерасчистени корупциски скандали, со осудени криминалци кои не одат на издржување затворска казна или од затвор се пуштат, со најниска стапка на раст на економијата, со најголема неформална економија, со најдолги рокови на изградба и најскапи аутостради, со најниска доверба на граѓаните во судовите, обвинителите и владеењето на правото, со голем број од владата платени апологети, пропагандисти и демагози“, пишува Џевдет Хајредини.

И претходно, Хајредини ја има критикувано Владата.

На почеток