Правда

Фатаи даде завршни зборови за предметот „Титаник 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“.

На рочиштето завршни зборови даде обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителката рече дека Сашо Мијалков како тогашен директор на УБК и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го искористил своето реално влијание и му овозможил на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, кој ги изгубил изборите, да продолжи да учествува на изборите, а на тогашниот градоначалник, Зоран Заев, му било ускратено правото на победа во првиот круг.

Фетаи ја исцитира и бомбата во која Мендух Тачи му вели на Бедредин Ибраими: „Ќе гласаш да се поништи, пошто се договоривме за Чаир“.
Спорд неа поништувањето на изборите резултати на три избирачки места во Струмица, од страна на ДИК, било направено по егзакна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се повторат изборите во овие места.

-Кога виделе дека ги изгубиле изборите во Струмица, од ВМРО-ДПМНЕ ги впрегнале сите логистички капацитети. Со својата моќ и реално влијание Мијалков, како прв човек на УБК, стапил во контакт со Тачи, кој пак му рекол на Бедредин да гласа за поништување на изборните резултати на три избирачки места, а за возврат на поништување на изборни гласови во Чаир, а во корист на ДПА, истакна Фетаи.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Најчитани

To Top
Close