„Космос“ паѓа: Адвокатите и обвинителот побараа затарување, Миланов обвини дека Цановски вршат пресија врз судиите


Адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Миле Јанакиески во случајот „ТНТ“ смета дека Апелација треба да ја преиначи пресудата на Кривичен суд и да констатира апсолутна застареност на предметот за уривање на објектот „Космос“. На јавната седница, ова го побараа адвокатите, но и обвинителот од Вишото јавно обвинителство. Застарувањето го донесе измените на Кривичниот законик.
„Врз основа на решението за исправка на првостепената пресуда, побаравме јавна седница. Апелација мораше да закаже јавна седница и е одржана. Побаравме на седницата, согласно измените на Кривичниот законик, судот да утврди апсолутна застареност на кривичното гонење за сите обвинети. Истото го побара и застапникот на обвиението во неговото произнесување, кога се повика судот по службена должност да го примени поблагиот закон и да донесе одбивателна пресуда“, кажа Миланов.
За вчерашните јавни обвинувања од семејството Цановски, кои го градат „Космос“, Миланов смета дека е обид за притисок врз судиите.
„Ако таа фирма поседува факултет, на кој има Правен факултет, а на ниту еден од наводите немаше професор од тој факултет, од кривично-правната одбласт, сметам дека е доволно јасно дека немаше апсолутно ништо што е согласно законот, во она што тие го истакнаа. Се обидоа да направат невидена пресија.. И повторно она што се констатира постојано, бизнис елити или политичари се обидоа да вршат притисок врз судството“, додаде Миланов.
