Скопје

( ФОТО ) Вака ќе изгледа зградата која ќе никне во Аеродром на местото од зеленилото

Вака ќе изгледа зградата која треба да се гради на местото од зеленилото Мајчин дом, во Општина Аеродром.

И покрај бројните протести на жителите, но и предизборните ветувања дадени од градоначалникот Златко Марин дека зеленилото нема да се чепка, денес околу пладне градежната механизација влезе на зеленилото кај Мајчин дом, во Општина Аеродром и веќе станува извесно дека на парцелата сепак ќе никнува висококатница.

,Златко Марин веднаш да се повлече од функцијата, затоа што не успеа да го исполни ветувањето кое го даде на Аеродромци! Парцелата пред Мајчин дом денеска е оградена и започнува изградба на осумкатница!“ реагираат од иницијативата „Аеродром сака да дише“.

Од Општина Аеродром, во одговор за Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ кој изјави дека градоначалникот Марин за време на кампањата за референдумот го издал одобрението за градба на објектот, тврдат дека им биле врзани рацете.

„Општината активно соработува со Уставниот суд, каде што се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И 10, за кој се поднесени повеќе претставки. Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено во мирување ниту го има поништено ДУП И 10“, соопштија вчера од Општината.

„Во меѓувреме во Општина Аеродром е пристигнато барање за дозвола за градба на плацот пред ‘Мајчин дом’, што Општината е законски обврзана да го процесира во согласност со позитивните законски регулативи и параметрите на сè уште активниот ДУП И 10“, стои во соопштението од општината.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток