Некатегоризирани

По 90 евра оштета за секој ден минат во затвор за осудените во „Сопот“

Владата на седница донесе одлука да ги обештети единаесетте лица кои беа осудени во случајот „Сопот“, а за кои СЈО лани ги повлече сите обвиненија против нив по што тие беа ослободени. Тие ќе добијат по 5.500 денари за секој ден поминат во затвор или притвор.

„Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот“, соопштија од Владата.

Обвинетите во „Сопот“ беа ослободени во март минатата година и беа прогласени за невини. Тие беа осудени на вкупно 156 години затвор. Главен доказ беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата, што подоцна се докажа дека е вистина. Откако беа прогласени за невини осудениците и официјално од Министерството за правда побараа отштета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра. Тие беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат во Сопот која експлодирала, при што загинаа војници на НАТО.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток