Шири национален раздор и етничка психоза, имаме сериозен институционален и политички проблем со Османи, алармира Мицковски


Политичкиот аналитичар, Ивор Мицковски, ја анализираше изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кои критиките за ДУИ, ги смета како критики за Албанците во Македонија. Мицковски смета дека Османи постојано разгорува меѓуетнички тензии. Потсети дека ДУИ претходно се бранеше со објаснувања дека против нив имало завери од бизнисмени.
„Имаме сериозен не само криминоген, туку и институционален и политички проблем со министерот за надворешни кој постојано разгорува меѓуетнички тензии или застапува интереси на соседни држави. Сега реагира на искажана изјава на најверојатно утре мнозинска и мандаторска партија која вика: ‘Со ДУИ коалиција нема да има!’. Се јавува Бујар кој ќе потроши иначе 5 милиони за ОБСЕ конференција, а дома шири национален раздор и етничка психоза и вика: ‘Дури постои ДУИ и Ахмети на Албанците нема да им фали влакно’. Чекај бе друже, какви влакна и депилации, овде се збори за легитимно право да отидеш во опозиција после 20 години Али Баба и 40 разбојници, а ти збориш дека некој се заканува до Албанците. Веќе збореше за завери на бизнисмени, па Али се надоврза со наводни нацистички хајки против ДУИ.
Ја искрено не верувам дека без ДУИ утре нешто ќе прави, тоа е за будали, ама барем сочувајте малце достоинство и нешто од таа наводна државотворност која наводно сте ја вградиле во државава“, напиша Мицкоски.
„Додека е ДУИ и додека е Али Ахмети, на Албанците нема да им фали ни влакно од глава“. Ова е пораката од министерот за надворешни работи, Али Ахмети до ВМРО-ДПМНЕ, а откако потпретседателот на оваа партија, Александар Николоски кажа дека нема коалиција со оваа партија. Новинарите му регираа дека се споменува ДУИ, а не сите Албанци и дека нешто на нив ќе им фали, како и На забелешката на новинарите дека се спомнува ДУИ, а не сите Албанци и зошто споменува меѓуетнички тензии, Османи одговори: „токму ДУИ е мнозинската волја на Албанците“.
Османи со нова скандалозна изјава – критиките за ДУИ ги издигна на ниво на „меѓуетничка омраза“
