Свет

Момче избодено пред училиште во Лидс, уапсени двајца тинејџери

Момче избодено пред училиште во Лидс, уапсени двајца тинејџери

15-годишно момче почина откако беше избодено со нож пред училиште во Лидс.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на злосторството и привела двајца тинејџери.

Директорот на училиштето Пол Бел рече дека жртвата е поранешен ученик во училиштето.

За несреќата е информирано семејството на момчето, пишува Sky news.

„Нашата истрага сега е во рана фаза и спроведуваме опсежна истрага за да утврдиме што точно доведе до оваа непотребна загуба на животот на еден млад човек. Го разбираме огромното влијание и големиот шок што овој трагичен инцидент ќе го има врз локалната заедница. Веќе разговаравме со голем број сведоци и би сакале да слушнеме од секој кој има информации за инцидентот“, соопшти полицијата.

Полицијата го блокираше просторот околу училиштето додека трае истрагата.

На почеток