Скопје

(Видео) Малку дожд и многу хаос низ Скопје: поплавени улици, гужви, нервоза

Дождот ги поплавува скопските улици. Под подвозниците се собира вода, а слична е состојбата и на булеварите. Најкритични се местата без канализација, што е причина водата да нема каде да се излева. Како и при секој дожд, дождот прави проблеми и на „Качанички пат“. Тоа пак, создава небезбедност за возачите.

Дополнително, проблем има и на скопските буелвари поради гужви. Во раните утрински часови, кога сите одат на работа, имаше блокади скоро на секоја крстосница. Возачите беа во трка за да стигнат побрзо, па поминуваа и на затворен семафор.

Инаку, Центарот за управување со кризи при Град Скопје известува дека во овие утрински часови поголем број возила се забележува долж:

-бул. Александар Македонски кон клучката Континентал,

-мост Гоце Делчев кон бул.Илинден,

-бул. 3та Македонска бригада кон ул. Пролет,

-ул.Симеон Кавракиров кон ул Никола Карев,

-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,

-ул.Димитрија Чуповски кон бул. Свети Климент Охридски,

-мост Близнак во двете насоки,

-ул. Перо Наков кон к-ца со бул. Киро Глигоров,

-бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда,

-ул. Беласица во двете насоки,

-мост Беласица кон ул. Никола Карев,

-бул. Гоце Делчев во двете насоки, особено кон бул.Илинден,

-ул.11 Октомври кон Центар и обратно,

-ул. Свети Кирил и Методиј кон к-ца со бул. Свети Климент Охридски.

Утрово 5 степени Скопје – Петровец, Лазарополе, Берово, 6 Тетово, Битола, Попова Шапка, 7 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Прилеп, Струмица, 8 Велес, Крива Паланка, Претор, Штип, Кавадарци, Гевгелија, 9 Куманово, Демир Капија, 10 Маврови Анови, Крушево, 11 Виница, 12 Дојран, 14 Дебар.

Врнежи од дожд имаше на Попова Шапка 16 л/м2, 10 Лазарополе, 3 Тетово, 2 Маврови Анови, 1 Скопје – Зајчев Рид.

Во текот на ноќта имаше мала до умерена локална облачност. Утрово е облачно, во северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Битола до 19 степени.

На почеток