„Тоа не е музеј на УЧК“ – Османи се „переше“ и обвини селани за да го оправда Ахмети
Музејот во Сопот не е музеј на УЧК, рече денеска Минситерот за надворшени работи Бујар Османи прашан дали станува збор за дивоградба и дали овој музеј се наоѓа на државно земјиште како што објави општина Куманово.
„Прво не се работи за музеј на УЧК, како што беше претставен, туку музеј којшто одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот, а господинот Ахмети беше таму како поканет гостин, така што сите прашања треба да ги упатите до организаторите. Како што велат тие, станува збор за семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните, но ние немаме никаков удел во тоа, таму бевме поканети“, се правдаше денеска Османи.
Медиумите го прашаа: Зошто тогаш целиот музеј е со иконографија на УЧК?
„Тоа е музеј којшто одбележува убиство на 60-тина селани на Сопот во 1944 меѓутоа беше погрешно претставен како музеј на УЧК“ додаде Османи.