Македонија

Додека јавноста се бори за неговиот живот, крадци ги украле парите на младиот Леонид

Крадци упаднале во домот на младиот Леонид Индов и ги одзеле сите пари собрани од донации, тврди порталот „Скопјеинфо“. Неофицијално, како што дознава „Скопјеинфо“ крадците одзеле пари во износ од 50 илјади евра, средства собрани за негово лекување.

Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот `рбет и не може да ги движи рацете и нозете. По неколку апели, јавноста и јавните личности се мобилизираа и за краток временски период беа собрани неопходните средства за негово лекување.

Сите оние кои сакаат да донираат за Леонид, oва се податоците:

 

На почеток