Свет

Новинска агенција поврзана со Хамас: Ја нападнаа џамијата, десетици тешко повредени се во болница

Новинска агенција поврзана со Хамас: Ја нападнаа џамијата, десетици тешко повредени се во болница

Новинската агенција Шехаб, поврзана со Хамас, објави фотографии за кои тврди дека покажуваат оштетувања на џамијата Калед бин ал-Валид, која се наоѓа западно од Кан Јунис.

Се наведува дека џамијата била уништена од „окупациски авиони“, а нападот се случил неколку минути по уништувањето на џамијата Ал Сахва.

Како што објави агенцијата, џамијата се наоѓала на сред фреквентен пат и дека во болницата пристигнале десетици тешко повредени лица.

На почеток