Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 18.10 часот, го лишиле од слобода 33-годишниот А. К. од тетовски Копачиндол.
„Непосредно пред тоа тој бил пријавен од 58-годишниот Ш.Ќ. од тетовска Голема Речица дека на хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, каде што бил вработен, физички го нападнал, при што употребил и остар предмет“, соопшти СВР Тетово.
А. К. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.