Скопје

„Мојот професор Марјановиќ, велеше на будалите од после им текнува“ – Шилегов и се обрати на Арсовска

По објавата на Град Скопје за новиот брз транспортен систем, се огласи и ексградоначалник, Петре Шилегов. Тој и се обрати на градоначалничката Арсовска, на која и порача дека фрлањето прашина во очи „со отстранување на грешките на претходното градско раководство”, не го разбира како ништо друго, освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост.

„Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите од после им текнува … После две години однесување како вошка во перика, заради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред две години. Реализација на целосно разработен проект со обезбедена финансиска констукција, одобрен од меѓународната и домашна стручна јавност како најоптимално решение за Скопје.

Брз автобуски превоз во Скопје – Арсовска со детали

На почеток