Спорт

Тотенхем потврди, Медисон е повреден

Тотенхем потврди, Медисон е повреден

Фудбалскиот клуб Тотенхем денеска потврди дека повредениот Џејмс Медисон е изоставен од списокот на англиската репрезентација.

Медисон заработи повреда на скочниот зглоб на дербито со Челзи во понеделникот и беше под знак прашалник за дуелот со Вулверхемптон, но сега ситуацијата е појасна.

Селекторот Герет Саутгејт го објави составот за претстојната репрезентативна пауза, а Тотенхем потврди дека Медисон е изоставен поради повреда.

Во соопштението се наведува дека Медисон ќе биде на рехабилитација во следните две недели, но не се знае кога ќе биде подготвен да се врати на терените.

Се шпекулира и се верува дека не се работи за сериозна повреда, туку дека Постекоглу и Саутгејт не сакаат ништо да ризикуваат и дека брилијантниот Англичанец веројатно би можел да биде на теренот по репрезентативната пауза.

Тотенхем ќе гостува кај Вулвс во сабота од 13 часот и 30 минути, а потоа на 26 ноември ќе ја пречека Астон Вила.

Макфакс

На почеток