Република

29 годишен македонец загина во тепачка во Австралија

29-годишен македонски државјанин почина како последица на жестока тепачка која се случила во австриската провинција Регау, во градот Веклабрук, соопшти австриската полиција, а пренесе порталот Лаумат.

– „29-годишен македонски државјанин им подлегна на повредите. Уште девет лица биле вклучени во тепачката и истите ќе бидат приведени. Телото на починатиот е предадено на Обдукција , која треба да ги открие причините за смртта“, соопштуваат од обвинителството, пренесе „Лаумат“.

Идентитетот на младиот македонец сеуште не се открива.

Најчитани

To Top
Close