Скопје

При претрес во Скопје пронајдени марихуана, амфетамини и хашиш

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против Г.Ѓ.(27), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

Имено, на 06.02.2019 година, врз основа на судска наредба извршен е претрес во домот каде што престојува пријавениот, при што пронајдени се марихуана, амфетамини, хашиш-масло и други предмети. Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток