(Видео) Среде Скопје, со боксови и клоци претепан вработен во салон за продажба на ИТ опрема

Од
Објавено на

Снимка направена од надзорни камери, а на која се гледа претепување на вработен во салон за продажба на ИТ опрема, протече во јавност. Од неа се гледа, како со газење и боксови насилници го маваат вработениот. Влегуваат, се почнува со боксови од едниот насилник, колешка се обидува да ги спречи, па продолжува да го тепа и другото лице.
Според неофицијални информации, претепувањето се случило во маркет кој се наоѓа среде Скопје. За насилниот чин, засега нема информации од МВР. Непознати се и причините поради кои се случило претепувањето.
Детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.
